Во петото коло од плеј-офот на женската ракометна Супер лига, Чаир забележа победа над Вардар со резултат 35:33.

Почетокот на мечот му припаѓаше на Чаир, кој поведе со 3:1, а потоа со серија од 4:1 ја зголеми предноста на 9:4. Вардар се врати во игра и намали на 9:7, но Чаир продолжи да ја контролира играта, додека Вардар се обидуваше да го намали резулатот. Во 24-та минута, гостинскиот тим повторно имаше предност од +4 (13:9). На полувреме, Чаир замина со предност од 17:15.

Во 34-та минута Чаир ја зголеми предноста на 22:16. Вардар се обиде во неколку наврати да се врати во игра, но Чаир не дозволи да се случи. Домашниот тим успеа да се приближи на 23:24, но Чаирчанки веднаш возвратија со серија од 3-0, повторно стекнувајќи предност од 27:23. Гостите постојано ја одржуваа предноста, која на крајот беше доволна за победа со резултат 35:33.

Најефикасна од победничката екипа беше Стефанија Ѓеоргиевска со 10 погодоци, додека од Вардар Миленковска даде 11 гола.

Вечерва се игра уште еден натпревар од оваа рунда во кој Куманово го пречекува Астибо.

За утре, во 16 часот, закажано е дербито меѓу Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 9 бодови, Чаир 9, Металург Автокоманда 7, Вардар 4, Куманово 1, Астибо 0.

Ивона Кимовска