Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање три поени на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.
Хиро се пласираше во финалето со скромни 19 поени. Сепак во финалето Хиро погоди две зелени топки, кои вредат три поени и триумфираше со вкупни 24 поени.
Бади Хилд од Голден Стејт блескаше во првото коло со 31 поен, но во финалето падна на 23, па мораше да се задоволи со второто место. Трет заврши Дариус Гарланд од Кливленд.
Демијан Лилард, кој беше победник претходните две години, сега не успеа да го помине ниту првиот круг.
Покрај овие тројца и Лилард, учествуваа и Џејлен Брунсон (Њу Јорк), Кејн Канингем (Детроит), Кем Џонсон (Бруклин) и Норман Пауел (ЛА Клиперс).