Во машката ракометна Супер лига денеска на програмата е само еден натпревар од 18-тото коло. Тоа е деби дуелот во кој тимот на Охрид е домаќин на актуелниот првак Еурофарм Пелистер.

Во овој меч двата тима влегуваат со јасна цел, освојување на бодовите. Фаворитската улога секако е на страна на битолската екипа која досега незнае за неуспех во дуелите со охриѓани.

Од другата страна домаќините сигурно ќе сакаат да го искористат моментот на евентуален замор на пелистерци. Имено пелистерци во повој меч влегуваат по тешкото гостување во Лисабон пред три дена, во Лигата на шампионите. Воедно за нив веќе во четврток претстои е еден од клучните натпревари во елитното натпреварување против Динамо Букурешт. Но шампионот не е во ситуација да калкулира со силите, бидејќи веќе заостанува два бода зад ривалите Алкалоид и Вардар во трката за титулата.

Како ќе изгледа сето тоа на теренот во салата „Биљанини Извори“ останува да видиме во дуелот што ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 18.коло


16.02.2025 – НЕДЕЛА
18:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
17.02.2025 – ПОНЕДЕЛНИК
17:00 КУМАНОВО – ПРОЛЕТ
19:00 АЛКАЛОИД – ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ
15.02.2025 – САБОТА
ВАРДАР – ПРИЛЕП 36-25
БУТЕЛ – ТИКВЕШ 21-33
РАДОВИШ – СТРУГА 33-30

ТАБЕЛА: Алкалоид 32 бодови, Вардар 32, Е.Пелистер 30, Охрид 27, Тиквеш 20, Бутел 18, Пролет 14, Прилеп 14, Куманово 8, Ф.Л. Борец 6, Струга 6, Радовиш 1.