Третиот ден на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија ги носи финалните натпревари во двете конкуренции.
Екипите на Вардар и Кожув ќе ги предизвикаат бранителите на трофејот Баскет Кам и МЗТ Скопје Аеродром.
Баскет Кам и Вардар атакуваат на четвртиот трофеј
Први на теренот ќе излезат дамите во финалниот меч што ќе почне од 17 часот.
Екипата на Баскет Кам по петти пат во низа ќе играат во финалето. Тимот од Македонска каменица атакува на четвртиот трофеј, бидејќи во 2023-тата не успеа да го освои откако беше поразен од МЗТ Скопје.
И екипата на Вардар го посакува по четврти пат трофејот во своите витрини. Вардарки имаа „хет-три“ кога 2017 до 2019 го совладува Бадел.
МЗТ по 13-тиот, а Кожув го посакува првиот трофеј
Машкото финале е закажано за 19.30 часот. Во него домаќинот Кожув ќе се обиде да ја прекине доминацијата на МЗТ Скопје Аеродром.
Тимот на МЗТ е со најголем број на финални натпревари и освоени Куп трофеи. Аеродромци го бркаат третиот последователен, а вкупно 13-ти во клупската историја.
За гевгелиската екипа вечерашното ќе биде само второ финале и тоа по пауза од 10 години. Во првото 2015-тата во Скопје, тимот на Кожув загуби од Работнички. Ќе им се насмевне ли денеска среќата на кошаркарите и навивачите на Кожув, сепак се прашува МЗТ Скопје за тоа.
Двата финални натпревари може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.