Во четвртото коло од плејофот од женската ракометна Супер лига екипата на Вардар гостуваше кај Астибо во Штип.

Очекувано вардарки забележаа сигурна победа над Астибо со 33:20, во натпревар во кој доминираше од самиот почеток.

Гостинскиот тим отвори силно и рано стекна предност од 4:1, но Астибо брзо возврати и израмни на 4:4. Сепак, вардарки продолжија со контрола на играта и постепено ја зголемуваа разликата. Во 28-та минута, со серија од осум последователни голови, го направија клучниот исчекор и поведоа со убедливи 16:7. На полувремето заминаа со сигурна предност од 17:8.

Во вториот дел, Вардар рутински го одржуваше водството. Во 38-та минута, „црвено-црните“ стигнаа до двоцифрена предност (22:12), а до самиот крај сигурно ја контролираа играта. Со одлична игра во нападот и стабилна одбрана, Вардар обезбеди сигурна победа со конечни 33:20.

Најефикасна од екипата на Вардар беше Леона Миленковска со шест погодоци, додека од Астибо Марија Анчевс даде девет гола.

Денеска ќе се играат и преостанатите два натпревари. Шампиони Ѓорче Петров го пречекува Куманово (17 часот), а дербито е од 18 часот меѓу Чаир и Металург Автокоманда.

Натпреварите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 7 бодови, Металург Автокоманда 7, Чаир 5, Вардар 4, Куманово 1, Астибо 0.

Ивона Кимовска