Во четвртото коло од плејофот на Женската Супер лига, екипата на Ѓорче Петров го пречека тимот на Куманово.

Шампионот Ѓорче Петров забележа убедлива победа над Куманово со 28:19.

Домашниот тим од самиот почеток наметна силно темпо и брзо стигна до водство од 5:1. Ѓорче Петров продолжи со сигурна игра и во 16-тата минута веќе имаше предност од +5 (7:2). Гостинската екипа не се откажа и постепено ја намалуваше предноста. Сепак, Ѓорче Петров ја задржа контролата и на одмор замина со минимална предност од 13:11.

Во второто полувреме, Ѓорче Петров не дозволи Куманово да израмни и континуирано ја зголемуваше својата предност. Со серија од 5-0, во 42-та минута повторно се оддалечи на сигурни 19:13. Иако Куманово се обиде да ја намали негативата, домашниот тим не им остави простор за пресврт. Лавиците во 54-тата минута поведоа со максимални +10 (26:16). Крајниот резултат беше 28:19.

Најефикасна од екипата на Ѓорче Петров беше Анастасија Николовска осум и Катерина Дамјановска со пет погодоци. Од Куманово Зечевиќ Сузана даде шест гола додека Росана Павлова четири.

Во првиот денешен натпревар Вардар како гостин славеше убедливо против Астибо.

Колото ќе биде комплетирано со дербито Чаир – Металург Автокоманда кое е во тек, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Ивона Кимовска