Со денешните три натпревари од 18.коло продолжуваат возбодувањата во Супер лигата. Колото ќе го отворат Вардар и Прилеп со дуелот каде поранешниот европски првак е апсолутен фаворит. Почетокот на натпреварот е во 14 часот.

Вистинското возбудување попладево треба да биде на дуелот меѓу Бутел и Тиквеш. Бутелчани се борат за подобра позиција и влез меѓу првите шест, со што би обезбедиле пласман во плеј офот од Супер лигата. Почетокот на дуелот е во 18 часот. Во истиот термин во Радовиш играат истоимената домашна екипа и Струга. Ова воедно е дуел на двете последнопласирани екипи на табелата, а домашниот тим ја „брка“ првата победа во новата реновирана сала.

Дербито на колото се игра во Охрид утре (недела) каде гостува првакот Еурофарм Пелистер. Теренот во салата „Билјанини извори“ знае да биде незгоден за многу екипи. Почетокот на натпреварот е во 18 часот. Еден час порано (недела, 17 часот) во Куманово почнува дуелот меѓу МРК Куманово и Пролет 62.

Колото ќе биде комплетирано со натпреварот во понеделник (почеток 19 часот) меѓу лидерот на табелата Алкалоид и Фруит Ленд Борец. Овој натпревар се игра во понеделник поради настапот на Алкалоид во Европскиот куп денеска со екипата на Бриксен.

СУПЕР ЛИГА – 18.коло

ВАРДАР – ПРИЛЕП (сабота, 14 часот)
БУТЕЛ – ТИКВЕШ (сабота, 18 часот)
РАДОВИШ – СТРУГА (сабота, 18 часот)
МРК КУМАНОВО – ПРОЛЕТ 62 (недела, 17 часот)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (недела, 18 часот)
АЛКАЛОИД – ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ (понеделник, 19 часот)

ТАБЕЛА: Алкалоид 32 бода, Е.Пелистер 30, Вардар 30, Охрид 27, Бутел 18, Тиквеш 18, Пролет 14, Прилеп 14, МРК Куманово 9, Фруит Ленд Борец 6, Струга 6, Радовиш 1.