Четвртото коло од плејофот од женската Супер лига ни донесе еден дерби дуел помеѓу екипите на Металург Автокоманда и Чаир.
Чаиранки со пресврт успеа да слави над Металург Автокоманда со 32:30.
Првите минути од натпреварот донесоа израмнета игра, со постојани промени во водството и игра „гол за гол“. Во 10-тата минута, Металург успеа да се одвои и поведе со 6:4.Чаир одговори со серија од 4-0, преземајќи го водството со 14:13, но Металург брзо возврати и го израмни резултатот. До крајот на првото полувреме Металург успеаја да задржат минимална предност и на одмор заминаа со 17:16.
Металург одлично го отвори второто полувреме, направи серија од 3-0 и повторно се одлепи на 21:17.
Сепак, Чаир не се предаде и со борбена игра успеа да ја намали разликата, стигнувајќи до 22:23 во 41-та минута. Во поголемиот дел од второто полувреме, Металург успеваше да одржи минимална предност, но Чаир постојано наоѓаше начин да израмни.
Клучниот момент се случи во 54-тата минута, кога Чаир со серија од 5-0 не само што израмни, туку и направи пресврт, поведувајќи со 29:26. Домашната екипа ја задржа оваа предност до самиот крај, осигурувајќи победа со 32:30.
Најдобар стрелец од Чаир беше Гулицоска со 9 погодоци, додека од Металург Јанкуловска даде 14 гола.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 9 бодови, Металург Автокоманда 7, Чаир 7, Вардар 4, Куманово 1, Астибо 0.
Ивона Кимовска