Денешната ждрепка за четвртфиналето на одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција „посака“ екипите на Шкендија и Работнички втора година во низа да се соочат во оваа фаза.

Разликата од лани е тоа што, четвртфиналниот дуел сега ќе се игра на теренот на Шкендија.

Бранителот на куп трофејот Штип УГД за противник ќе ја има екипата на Скопје. Актуелниот шампион и лидер на првенствената табелата Струмица ќе игра против тимот на Универзитет во Тетово. Во последниот натпревар во Велес, Борец ќе ја пречека Лирија.

Четвртфиналните дуели се закажани за 19 февруари (среда), се игра во еден меч, а победниците ќе обезбедат учество на завршниот турнир.

ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (МАЖИ)
ШТИП УГД – СКОПЈЕ
СТРУМИЦА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО
БОРЕЦ – ЛИРИЈА
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ