Кожув убедлив во полуфиналето против Гостивар, пред својата публика ќе го предизвика МЗТ Скопје, за историски прв трофеј.

Во вториот полуфинален меч, домаќинот на турнирот ги искористи сите свои предности, го победи Гостивар со 91-72 и ќе го предизвика МЗТ Скопје во големото финале.

Одличен вовед направија домашните кошаркари во второто полуфинале. „Во рок’ од само седум минути се стекнаа со двоцифрена предност (23:10). Но гостиварци успеаја да се вратат. Тоа го направија со серија од десет неодговорени поени од противникот, па на првата пауза заостануваа само три поени (20:23).
Но оние втори десет минути протекнаа во комплетна доминација на Кожув, и тоа каква!

Гевгеличани му дозволија на ривалот во ова полуфинале да постигне само шест поени. Водени со одличен процент на реализација, особено во обидите за три поени, дојдоа до точно 50 поени.
Односно скоро двојно повеќе во однос на Гостивар.

На полувремето Кожув беше уште поблиску до финалето, водеше со повеќе од убедливи (50:26). Креирано од Стевановиќ, кој веќе имаше 21.реализација, или пет помалку во однос на комплетниот гостински тим во тој дел од играта. „Двоцифрен“ во домашниот состав беше и Пилепиќ (11) кој погоди три од осумте тројки во првото полувреме.

Тоа беше и преголема негатива за Гостивар. Иако гостите имаа добар старт во третиот период (серија од 9-2), по кој намалија на 35:52. Во слична ситуација беа и во 27.минута, кога „спуштија“ на (49:66).
Но Кожув го имаше неверојатниот Стевановиќ, кој не дозволи таа разлика да падне на некоја пониска.

Утре вечер, од 19.30 часот на програмата е големото финале во салата „26.април“ во кое МЗТ Скопје Аеродром важи како голем фаворит за нов трофеј во ова најмасовно натпреварување.

Купот секогаш со себе носи и некои непредвидени работи, изненадуавња, и се чини дека тоа е картата на која ќе игра организаторот на овој собир во финалните 40.минути на турнирот во Гевгелија.

Претходно од 17.часот, во финалниот меч во женска конкуренција, екипата на Баскет кам ќе го брани трофејот во оваа конкуренција, а во улога на „предизвикувач“ е скопски Вардар.