Екипата на Баскет кам е втората која обезбеди пласман во женското финале на кошаркарскиот Куп на Македонија.
Во вториот полуфинален меч на турнирот во Гевгелија, кошаркарките од Македонска Каменица славеа со Бадел во дуелот против 61-58.
Во воведните три минути Баскет кам беше тимот кој имаше водство, пошто скопските кошаркарки ја преземаа предноста и одржуваа до крајот на полувремето. Бадел ги доби двете четвртини, па на одмор замина со пет разлика 31-26.
Сепак во второто полувреме, односно третата четвртина, Баскет кам ја анулира негативата и поведе со девет разлика 51-42. Таквата предност се покажа како решавачка, иако скопјанки на 90.секунди до крајот дојдоа на два негатива. Немаа сили баделки да го анулираат заостанувањето па Баскет кам славеше нов пласман во финалето.
А, во него кошаркарките на Баскет кам трофејот ќе го бранат во дуелот порив Вардар кој во првото полуфинале ја совлада Крива Паланка. Женското финале на програмата е утре од 17 часот, а од 19.30 ќе се игра машкото.
Кои два тима кај мажите ќе се борат за трофејот ќе дознаеме вечерва по полуфиналните дуели закажани во терминот од 18 и од 20.30 часот. Натпреварите може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.