Пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во двете фудбалски конкуренции комесарите за безбедност одржаа редовен семинар.
Комисијата за безбедност и сигурност и Одделот за безбедност и интегритет при ФФМ, се собраа во Струмица, каде дискутираа за различни теми кои се од големо значење за домашниот фудбал.
Присутни беа и претставници на Министерството за внатрешни работи. Главната тема на работилницата беше безбедноста и заштитата на интегритетот на фудбалските натпревари.
-Целта на овој семинар е подобро меѓусебно запознавање и комуникација на комесарите на клубовите со полицијата. На обуката беа презентирани конкретните мерки и активности за организирање на фудбалски натпревар во делот на безбедноста и сигурноста пред, за и по завршување на натпреварот.
– Анализирајќи го првиот есенски дел од сезоната, можеме да заклучиме дека инцидентите во продолжението од сезоната (пролетниот дел) треба да се намалат, а инфраструктурата на стадионите да се подобри. Комесарите за безбедност требаа да имаат професионален и објективен пристап при донесувањето на своите одлуки.
– Во продолжението на сезоната, претставниците на клубовите за безбедноста треба поодговорна и попрофесионално да ги организираат натпреварите. Да поднесуваат навремено информации за натпреварот во делот на организацијата кога клубот е домаќин. Што се однесува до гостинските натпревари, навремено да достават информација до полицијата околу патувањето на навивачката група и бројот на навивачи.
– Голем проблем кај комесарите за безбедност претставува и немањето на ингеренции околу донесувањето на одлуки за преземање на мерки што произлегуваат од законот и правилникот за безбедност и сигурност, посебно во делот на инфраструктура и одредување на лица што се одговорни за безбедноста за време на натпреваротиte. Комесарите за безбедност треба да ја подобрат соработката и комуникацијата со своите навивачи и своето раководство“,
истакна Зоран Саздов, член на Комисијата за безбедност и одделот за безбедност и интегритет;