Шкендија, Универзитет во Тетово, Работнички, Скопје и Лирија се клубовите кои го минаа претколото за пласман во четвртфиналето на одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција.
Натпреварите се играа на теренот на подобро пласираниот тим од есенскиот дел на сезоната, а Скопје беше единствената екипа кој се радуваше на гости кај Вардар.
Најинтересниот дуел го одиграа Универзитет во Тетово и Весна Пробиштип, каде тетовскиот состав славеше во тај-брејкот.
Актуелниот шампион Струмица, бранителот на титулата Штип УГД и екипата на Борец имаа обезбеден директен пласман во четврфиналната фаза според пласманот од есенскиот дел на сезоната.
Ждрепката за четвртфиналнето е закажана за утре (14 февруари), а натпреварите ќе се играат на 19 февруари (среда).
РЕЗУЛТАТИ
Шкендија – Јанта Волеј 3:0 (25:12, 25:8, 25:10)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3:2 (25:19, 25:17, 20:25, 20:25, 15:6)
Работнички – Сушево 3:0 (25:9, 25:22, 25:18)
Вардар – Скопје 1:3 (15:25, 25:21, 14:25, 14:25)
Лирија – Македонија Џио 3:1 (25:18, 19:25, 25:23, 25:15)