Во пресрет на продолжението на сезоната во мак-фудбалот, судиите имаа средба во претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. 

На зимскиот семинар што се одржа во Струмица, претседателот Омерагиќ им порача на судиите да не подлегнуваат на притисоци.  

„Никој не смее да им ви прави притисоци.

Мојот телефон воопшто не е тајна, може да го добиете многу лесно.

Било кој да ви прави притисок или било какви манипулации во мое име или било кои туѓо име, може слободно да ми се јавите“,
истакна Омерагиќ. 

Пролетниот дел на сезоната стартува претстојниот викенд со дуелите од 19 коло, а дербито ќе го играат Вардар и Шкендија.