Од денеска па до сабота во Гевгелија ќе се играат натпреварите на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија.
Осум екипи во машка и четири во женска конкуренција ќе се борат за трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур.
Градот Гевгелија е КК Кожув како ко-организатори направија турнирот да мине во одлична организација. Останува на екипите учесници да покажат квалитетна кошарка, а љубителите на овој спорт да уживаат во неа.
Ова меѓу останатото го посака претседателот на гевгелискиот клуб Александар Димитровски.
Во улога на домаќин, како организатори на еден ваков голем, убав настан, да ви посакам успешни игри на сите кои дојдовте тука, веројатно со една цел, да го освоите трофејот наменет за најдобриот во ова најмасовно клупско натпреварување кај нас. Една од тие желби е и нашата, на КК „Кожув“ од Гевгелија.
Овие три дена во Гевгелија ќе бидеме сведоци на доста неизвесни натпревари, како во машка, така и во женска конкуренција.
Ние, со подршка на општината Гевгелија и Градоначалникот Андон Сарамандов, ќе се потрудиме да бидеме добри домаќини, но во исто време, и ќе пробаме да го оствариме најголемиот успех од постоењето на Кожув, а не би имал ништо против тоа, овој трофеј да остане тука и во наредните 365 дена“, истакна Димитровски.