Изминатата вечер во НБА лигата донесе повеќе интересни натпревари, а однов издвојуваме.

Дербито на вечерта се одигра во Мемфис каде второ пласираниот тим на западот го пречека лидерот Оклахома Сити. Популарните „Тандерс“ продолжуваат со одличниот настап и стигна до 42-та победа сезонава, а се уште има едноцифрен број на порази.

Новата победа дојде на гости кај Мемфис, кој беше надигран со 125:112. Шаи Гилгеус-Александер постигна 32 поени со осум асистенции, Арон Вигинс додаде 26 поени (8/13 тројки) и 11 скока.

Поразот на „грилзите“ го искористија кошаркарите на Денвер.

Тие на гостински терен го совладаа Феникс со 122-105. Домашниот тим настапи без Кевин Дурент и Бредли Бил. Прв стрелец во победничката екипа беше Џамал ​​Мареј постигна 30 поени, а на Никола Јокиќ му фалеше една асистенција за троен ефект. Србинот натпреварот го заврши со 26 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Сега Денвер кој е трет ана западот има само една победа помалку од Мемфис.

Во источната конференција, дербито се одигра во пречека Њујорк каде 2никси“ го пречекаа шампионот Бостон.

Џејсон Тејтјум со 40 и Пејтон Причард со 25 поени му донесоа убедлив триумф на Селтикси со 131-1-4. Во поразениот тим прв стрелец беше Џејлен Брунсон постигна 36 поени.