Екипата на Наполи одигра без победник во дуелот со Удинезе со што остана „покуса„ за планираните бодови од овој меч.

Натпреварот од 24.коло во Серија А, одигран во Неапол заврши 1-1.

Домаќините важеа за големи фаворити пред одвој дуел. Сепак, тимот од Удине од самиот стар покажа дека не е дојден со „бело знаме“.

Имаа постојана иницијатива фудбалерите на Наполи, а тоа вроди со плод во 37.минута, кога МекТоминеј погоди за 1-0.

Но радоста на фудбалерите на навивачите на Наполи не траеше долго. Само три минути подоцна (40) Екелкамп израмни на 1-1.

Офанзивната игра на избраниците на Антониот Конте не донесе промена на резултатот до крајот, па двата тима освоија по еден бод.

Наполи кој е лидер на табелата сега има 55 бодови, четири повеќе од актуелниот шампион Интер, кој утре ќе игра против Фиорентина. Трето пласираната Аталанта заостанува пет бодови зад тимот од Неапол.