Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го заврши својот настап во квалификациите за Европското првенство 2025-та.

Македонските кошаркарки во последниот меч од повој циклус беа поразени од Украина со 74-72 на натпреварот одигран во Рига, Летонија.

на овој натпревар, македонските кошаркарки беа најблиску до првата победа. Имаа негатива во поголемиот ден од мечот, но во финишот дури и поведоа. Во завршните 40.секунди, при нерешен резултат (72-72) Македонија имаше два напади за водство и победа. Напите кошаркари не ги реализираа, а Украинките со двете реализирани слободни фрлања на секунда до крајот стигнаа до победата.

Вообичаено Анџелика Митрашиновиќ и на овој натпревар беше нашата најефикасна кошаркарка со 33 постигнати поени.

Со шест порази во исто толку одиграни натпревар Македонија на кракот беше последна во Г групата.

Првото место, а со тоа и пласман на Евробаскетот обезбеди селекцијата на Србија.

Иако Србинките во последното коло загубија на гостувањето кај Португалија, сепак поради подобриот меѓусебен скор во нивниот меѓусебен дуел, завршија како прво рангирани.