Со трите денешни натпревар комплетирано е 15.коло во Втората машка кошаркарска лига.

Екипата на Маџари го дови второто дерби од ова коло, совладувајќи го составот на Ангели со 95-84.

Откако во првиот дел домаќините беа подобри и на одмор заминаа со предност од пет поени, во вториот дел дојде до израз искуството на гостинскиот тим. Она што домашниот состав го погоди во првото, тоа гостите го реализираа во второто полувреме, па на крајот славеа заслужено со 95-84.

Со овој триумф тимот на Маџари изби на второто место на табелата зад штипските Соколи кои имаат победа повеќе. Ангели кои беа лидери до оваа рунда сега се трети, а велешки Борец баскет остана на четврти.

Во другите два денешни натпревари. Во Струмица, ФМП го совлада Охрид, а Водно Санс беше подобар од Бутел 22-22,

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО

денеска (недела)
АНГЕЛИ – МАЏАРИ 84-95
ВОДНО САНС – БУТЕЛ 88-75
СТРУМИЦА ФМП – -ОХРИД 93-84
Одиграно вчера (сабота)
СОКОЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 93-84
ЦРН ДРИМ – РАБОТНИЧКИ 2018 111-77
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ 85-73

ТАБЕЛА: Соколи 26 бодови, Маџари 25, Ангели 25, Борец баскет 23, Црн Дрим 23, МЗТ Скопје У.Б. 21, Бутел 20, Охрид 19, Мега баскет 19, Водно Санс 18, Работнички 2018 16, Струмица ФМП 15.