Екипите на Тиквеш и МКК Куманово ја надополнија доминација на домашните екипи во 17.коло од Првата кошаркарска лига.

Во Кавадарци, Тиквеш славеше во дуелот против Шкупи, а МКК Куманово пред својата публика убедливо го надигра Кожув.

Со ова пет од шесте натпревари од оваа рунда завршија со триумфи на домаќините. Единствената гостинска радост ја оствари Чаир над „фенерџијата“ Вардар кој сеуште нема победа.

Големи промени на табелата нема. МЗТ Скопје и натаму е водечки тим, но сега само со една победа повеќе од ТФТ, додека Куманово сега е трет со две победи помалку од лидерот МЗТ.

КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ ОД 17.КОЛО

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 60-55
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР 85-77
ВАРДАР – ЧАИР 81-107
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 81-79
ТИКВЕШ – ШКУПИ 106-92
МКК КУМАНОВО – КОЖУВ 99-69

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30 бодови, ТФТ 29, МКК Куманово 28, Работнички 27, Пелистер 27, Кожув 27, Чаир 26, Феникс 25, Тиквеш 24, Гостивар 23, Шкупи 24, Вардар 17.