Кошаркарите на Гостивар ја прекинаа низата од четири порази во вториот дел од сезоната.

Гостиварци вечерва пред својата публика го победија шампонот МЗТ Скопје Аеродром со 60-55.

Воведниот натпревар од 17.коло, аеродромци го отворија со 0-13. Тука како да подзастана. Му дозволија на Гостивар да се врати во игра. На полувреме МЗТ замина само со два предност 33-35.

Очајната игра на аеродромци во третиот квартал во кој постигнаа само четири поени, Гостивар го искористи и поведе. На стартот на последниот период домаќинот имаше и најголеми +10 кои се покажаа како решавачки.

И покрај поразот МЗТ Скопје останува лидер на табелата, а Гостивар впиша важни два бода во трката за плејофот.

Останатите натпревари од ова коло на програмата се утре.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17 коло
Сабота 8 февруари

12.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
13.00 ВАРДАР – ЧАИР
17.00 ТФТ – РАБОТНИЧКИ
18.00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
18.00 МКК КУМАНОВО – КОЖУВ
Петок 7 февруари
17.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 60-55

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30 бодови, ТФТ 27, Работнички 26, Кожув 26, МКК Куманово 26, Пелистер 26, Чаир 24, Гостивар 23, Феникс 23, Тиквеш 22, Шкупи 22, Вардар 16.