Ракометот и натаму е во фокусот на вниманието на македонската јавност. Машката сениорска репрезентација на Македонија го одбележа јануари месец со настапот на Мундијалот.
По репрезентативната пауза, ракометарите немаа многу пауза, а веќе во сабота продолжува сезоната во Супер лигата.
Како загревање, екипите на Охрид и Вардар вечерва во салата „Биљанини Извори“ одиграа контролен натпревар. Вардарци го добија овој дуел со 33-39 полувреме 15-10.
Двата тима кои имаат амбиции за највисок пласман, но Охриѓани заостануваа во однос на водечкото трио. По 16 одиграни кола, Охрид е четврти со 25 бодови, три помалку од Еурофарм Пелистер и Вардар, односно пет зад лидерот Алкалоид.
Двата тима во сабота ќе играат на гостински терен. Охрид во Велес гостува кај Ф.Л. Борец, а недалеку од својот дом, Вардар ќе му гостува на Пролет.