Рускиот кошаркар Алекс Котов е најновото засилување за тимот на ТФТ, објавија од екипата на македонскиот прволигаш од Тафталиџе.
Котов кој е висок 208 сантиметри и настапува на позицијата крилен-центар треба дополнително да ја засили играта под обрачите.
Тој доаѓа од Русија каде играше во ВТБ лигата, а претходно настапуваше на НЦАА ниво со тимовите на универзитетите Кемпбел и Илиноис. Неговото искуство во елитни лиги го прави важен додаток на нашиот состав.
Со силна физичка присутност и изразена одбрана, Алекс ќе донесе нова димензија во играта на ТФТ. Неговата способност да игра на различни позиции ќе биде одличен ресурс за тимот.