Србија и Албанија заеднички ќе бидат домаќини на Европското првенство до 21 година, а одлуката се очекува да биде објавена наскоро.
Покрај домаќинот Србија и Албанија, автоматски се пласираа на турнирот, на кој ќе учествуваат уште 14 селекции кои место ќе бркаат преку квалификациите.
Отворањето на првенството ќе биде на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад, додека финалето е закажано за албанскиот национален стадион во Тирана.
Како што се наведува, натпреварите кои се играат во Србија ќе се играат на три новоизградени стадиони: Дубочица во Лесковац, Лагатор во Лозница и Краљевица во Зајечар.
Во албанскиот дел од натпреварувањето, покрај стадионот во Тирана, ќе бидат опфатени и спортските објекти во Скадар, Драч и Елбасан.