Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист во шпанскиот „Кралски“ куп.

Во дуелот од четвртфиналето против Гетафе, одигран пред својата публика, Атлетико славеше со убедливи 5-0.

Со двата брзи гола во осмата и 17.минута, Џулијано Симеоне, синот на тренерот Диего, домачините ја најавија победата. Во продолжението во листата на стрелци се запишаа и Лино (42), Кореа (78) и Сорлот (86.минута).

Атлетико си ја заврши својата работа и се пласира меѓу четирите најдобри, а кои ќе бидат останатите три ќе дознаеме по одигрувањето на останатите четвртфинални дуели.

ШПАНСКИ КУП 1/4 ФИНАЛЕ
Среда
21.00 ЛЕГАНЕС – РЕАЛ МАДРИД
Четврток
19.30 Р.СОСИЕДАД – ОСАСУНА
21.30 ВАЛЕНСИЈА – БАРСЕЛОНА
Вторник
АТЛЕТИКО МАДРИД – ГЕТАФЕ 5-0