Попладнево во втората машка кошаркарска лига се одиграа два натпревари од 13-тото коло. Екипите на Маџари и Бутел ги оправдаа улогите на фаворити и се радуваа на нови победи.
Тимот на Маџари на гостувањето во Струга кај Црн Дрим славеше убедливо со 109-70.
По релативно израмнетиот прв квартал кој гостите го добија со 25-20, веќе во вториот Маџари имаше двоцифрена предност. Во 15.минута скопјани водеа со 20 разлика (44-24), а на паузата меѓу двете полувремиња заминаа со +31 (60-29). Второто полувреме беше само чиста формалност, а Маџари на крајот победи со 39 поени разлика.
Нешто понеизвесен беше дуелот меѓу Бутел и МЗТ Скопје У.Б. кој домашниот тим го доби со единаесет поени разлика.
Првите две четвртини ги добија домашните кошаркари (21-15 и 24-20) кои на одмор заминаа со двоцифрена предност (45-35). По три минути игра во второто полувреме МЗТ дојде на еден поен негатива (49-48). Во последната четвртина домаќините влегоа со пет поени предност 67-62. Поискусниот тим на Бутел знаеше како да ја сочува предноста, за на крај да слави со конечни 91-80.
Сега Маџари изби на врвот на табелата со 23 бодови, еден повеќе од Ангели и Соколи кои утре ќе ги играат своите натпревари од ова коло. Бутел сега е пред МЗТ Скопје У.Б. а двата тима имаат по 19 бодови еден помалку од Борец баскет кој е петти.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Сабота 1 февруари
ЦРН ДРИМ – МАЏАРИ 70-109
БУТЕЛ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 91-80
Недела 2 февруари
15.30 МЕГА БАСКЕТ – СОКОЛИ
16.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СТРУМИЦА ФМП
16.15 РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС
19.00 ОХРИД – АНГЕЛИ
ТАБЕЛА: Маџари 23 бодови, Ангели 22, Соколи 22, Црн Дрим 21, Борец баскет 20, Бутел 19, МЗТ Скопје У.Б. 19, Охрид 18, Мега баскет 17, Работнички 2018 14, Партизан Водно Санс 14, Струмица ФМП 14.
*натпревар повеќе