Екипата на Чаир промовираше две нови засилувања во тимот. Се работи за кружниот напаѓач Мила Алексовска и младата ракометарка Ива Петрова.
Алексовска по една сезона помината во Металург Автокоманда повторно се враќа во Чаир. Мила исто така има настапувано и за тимот на Металург.
17-годишната Ива Петрова пред да потпише за тимот на Чаир играше во младинската екипа на Вардар.
Со овие засилувања, Чаир јасно покажува амбиции за успешен настап во плејофот и борба за највисок пласман.
Тимот продолжува со напорна работа, со цел да влезе подготвен во завршницата од сезоната.
Претходно Чаир ја засили бековската линија со романската интернационалка Софија Чавар која доаѓа од тимот на Кожалин.
Од тимот на Чаир си заминаа две ракометарки десното крило Михаела Ангеловска и бекот Маја Митревска.
Ивона Кимовска