Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога потврди дека „фајнал-форот“ на Евролигата ќе се одржи во Абу Даби.
Овој чекор беше означен како проширување на Евролигата на нови светски пазари. Сигурно дека на ваквата одлука влијаеше и големата финансиска понуда од Блискиот Исток.
„Да се донесе фајнал-форот во Абу Даби е амбициозен проект и извонредна можност да се прикаже атмосферата во Евролигата пред нова и разновидна публика.
Ова партнерство, исто така, им гарантира на нашите верни фанови ново искуство во еден од најмодерните и најпогодни за туристи градови во светот.
Заедно ќе организираме уште еден настан на највисоко ниво кој ќе ја подигне Евролигата на нови височини “, изјави Бодирога.
Четирите тимови за титулата ќе се борат на „Етихад Арената“, која се наоѓа на островот Јасу. Полуфиналните натпревари се закажани за петок на 23 мај, а натпреварот за 3.место и финалето ќе се играат два дена подоцна.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 26 февруари. Оваа зделка ја направија стратешкиот партнер на ИМГ лигата и арапското Министерство за култура и туризам.
Последното издание на фајналфорот се одигра во Берлин, а списокот на последните пет домаќини го затвораат Каунас, Белград, Келн и Виторија-Гастеис.
Минатогодишниот победник беше грчкиот Панатинаикос, кој во финалето му се реваншираше на Реал Мадрид за поразот нанесен една година претходно.