По еднодневна пауза, денеска на Светското машко ракометно првенство продолжуваат возбудувањата.

На програмата се првите два натпревари од четврфиналето, по кои ќе го дознаеме и првиот пар за полуфиналната рунда.

Во загрепската арена први на теренот ќе излезат домашната селекција на Хрватска и репрезентацијата на Унгарија. Овој натпревар ќе почне во терминот од 18 часот.

Три часа подоцна (21), еден од главните фаворити за златото Франција за противник ќе ја има селекцијата на Египет. Овој натпревар ќе го судат македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме утре за кога се закажани преостанатите два четвртинални дуели.

Во нив ќе играат актуелниот светски шампион и ко-домаќин на првенството Данска против Бразил од 18, односно Бразил кој за противник ќе ја има Германија од 21 часот.

Cup tree provided by Sofascore