Раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше во посета на младите македонски таленти во Струмица. 

Претседателот Масар Омерагиќ. заедно со Горан Пандев и Ѓорѓи Христов, ги посетија младите фудбалери кои се дел од струмичката академија на ФФМ. 

Ова е дел од кампањата на ФФМ за грижа на младинските селекции, која првиот човек на мак-фудбалот Омерагиќ ја најави при неговата инаугурација. 

„Создаваме иднина“!

Се трудиме да создадеме совршена средина за напредок на младите таленти.

Во најсовремени капацитети, професионален тренерски кадар и фокус на развој на фудбалски и човечки вештини. На тимска работа.

Уживање за нас гледајќи ги на терен, максимално искористувајќи ги одличните услови