Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап уште по првата рунда на турнирот во Кливленд, САД.

Ивановски загуби во два сета од петтиот носител Американецот, Брендон Холт кој на нашиот тенисер му препушти само по еден гем во двата сета (6-1 и 6-1).

Американскиот тенисер е рангиран на 181.место на АТП, додека Калин во моментов е на 1317-позиција.

Турнирот се игра за награден фонд од 100.000 долари, е во во рамките на Челинџер 75 .