На врвот на новата ВТА ранг-листата и оваа недела е Арина Сабаленка. Иако не успеа трета пат во низа да слави на Австралија опен, Белорусинката и натаму е најдобро рангираната тенисерка.
По неа следат, Ига Швјонтек од Полска, трета е Американката, Коко Гауф, а четврта Јасмин Паолини од Италија.
Победничката на првиот Грен слем сезонава, Американката, Медисон Кис , напредуваше за седум позиции и сега е седма во светот.
Пред неа се, Казахстанката, Јелена Рибакина кој напредуваше две места и Американката, Џесика Пегула која остана шеста.
Кинеската, Чинвен Женг падна за три позиции, а Американката, Ема Наваро за една, додека Шпанката, Паула Бадоса влезе во ТОП 10, напредувајќи за две позиции.