Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ најави борба со корупцијата во младинските категории.
Омерагиќ во краткото видео, нагласува дека повеќе нема место во младинските селекции за оние кои не им е местото таму.
Меѓу другото претседателот на ФФМ, Омерагиќ вели:
„За корупцијата нема место во младинскиот фудбал.
Ќе создадеме средина каде што младите фудбалери ќе можат да напредуваат врз основа на талент и напорна работа.
Заедно, мораме да ја заштитиме иднината и да ја инспирираме следната генерација.
Целото видео може да го видите и слушнете во продолжение.