Екипата на Маџари со победа над Охрид го почна вториот дел од сезоната во второлигашката машка конкуренција на Македонија.

Во последниот натпревар од 12.коло одигран вечерва, Маџари пред своите симпатизери го победи Охрид . Целата работа домаќините ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 51-19. Таквата разлика доведе до големо опуштање на домаќините во второто полувреме, па гостите на крајот може да бидат и ,,задоволни” со -23 разлика (93-70 ).

Денеска се одигра и натпреварот во Струмица во кој екипата на ФМП славеше на прилепски Мега баскет.

По поразите на Борец баскет и Црн Дрим, сега три тима се издвојуваат на табелата. Водечкиот тандем Ангели и Соколи имаат победа повеќе од Маџари, а две од Борец.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО

Денеска (недела)
МАЏАРИ – ОХРИД 93-70
СТРУМИЦА ФМП – МЕГА БАСКЕТ 89-63
Одиграно вчера (сабота)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018 86-69
АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 87-71
СОКОЛИ – БУТЕЛ 87-76
ВОДНО САНС – ЦРН ДРИМ 96-90

ТАБЕЛА: Ангели 22 бодови, Соколи 22, Маџари 21, Борец баскет 20, Црн Дрим 19, МЗТ Скопје У.Б. 18, Бутел 17, Охрид 16, Мега баскет 17, Работнички 2018 14, Струмица ФМП 14, Партизан Водно Санс 14.