Со четирите натпревари одиграни попладнево комплетирано е 15.коло во Првата машка кошаркарска лига. По две победи остварија домашните и гостинските екипи.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај МКК Куманово. Аеродромци во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на изненадување. Имаа најголеми +25 разлика „металците“, за на крајот да слават со +16.
По ист терк мина и натпреварот во Кисела Вода каде убедлива победа забележа гостинот Шкупи кој му го нанесе на Вардар 15-тиот пораз.
Во Битола, Пелистер заостануваше и 18 разлика во дуелот со Гостивар. Сепак, битолчани ја надополнија негативата и со пресврт во вториот дел славеа со десет разлика. Најнеизвесно беше во Кавадарци, каде домашниот Тиквеш ја врза третата победа во низа совладувајќи го Кожув.
По завчерашниот пораз на ТФТ дома од Феникс, сега екипата на МЗТ Скопје е осамена на врвот на табелата. пелистер е трето рангиран, а по него со идентични 24 бодови следуваат Кожув, Работнички и МКК Куманово.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15 коло
Недела
МКК КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ А. 67-73
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 89-78
ТИКВЕШ – КОЖУВ
ВАРДАР – ШКУПИ 95-115
Одиграно вчера (сабота)
ЧАИР – РАБОТНИЧКИ 95-102
Одиграно во петокот
ТФТ – ФЕНИКС 73-75