Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе го доигра остатокот од сезоната во францускиот клуб Безансон.

Талентираниот десен бек се приклучува на Безансон како „медикал џокер“, надвор од редовниот трансфер период, и ќе настапува како позајмен играч од Брест Бретањ.

Со овој ангажман, Безансон ќе добие квалитетно засилување во бековската линија.

Поради големата конкуренција во екипата на Брест Бретањ, Ива Младеновска немаше можност за поголема минутажа оваа сезона. Токму затоа, позајмицата во Безансон претставува идеална можност за македонската репрезентативка да добие повеќе простор за игра и да го покаже својот квалитет на високо ниво.

Екипата на Безансон моментално се наоѓа на петто место на табелата, зад екипите на Мец, Брест, Дижон и Шамбре Турен.

Ивона Кимовска