Актуелниот германски првак, Баер Леверкузен не успеа да ги впише сите три бода по гостувањето кај Лајпциг играјќи. Дерби натпреварот од 19.коло меѓу Лајпциг и Баер заврши 2-2.

Три од четирите голови беа постигнати во првото полувреме.

Гостите од Леверкузен преку, Пик (18) и Гарсија (36) минута направија два гола предност. Во 41-вата минута Давид Раум намали на 1-2.

Во самиот финиш на натпреварот, домаќините среќно стигнаа до израмнувањето еден бод. Имено во 88-та Тапсовба си постигна автогол и ги постави конечните 2-2.

Леверкузен останува втор на табелата зад минхенски Баерн кој денеска го победи Бохум на гости со 2-1. Баварците сега имаат 48 бодови, шест повеќе од актуелниот шампион Леверкузен (48).