Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов, пред почетокот на шампионатот посака три победи.
Во моментов Македонија има два триумфа и два нерешени резултати, а до крајот останува уште дуелот со можеби најсилните Франција.
По триумфот над Катар со 39:34, Мукаетов изјави:
Задоволен сум од пристапот, одиме од натпревар во натпревар подобро, важна е желбата за победа и квалитетот во играта што го покажуваме и се вистински пример како треба да се бориме за Македонија.
Оваа репрезентација трпеше многу критики последните неколку години, како јас така и селекторот Лазаров, но се покажа дека сме на вистинскиот пат.
Оваа репрезентација може во иднина многу да ги радува сите наши граѓани.