Втора победа за Македонија на Светското првенство совладан е Катар со 39:34 (21:17). Со оваа победа Македонија има четири бодови во групата 2 од главната фаза. Клуч за победата беа осумте голови од контранапади во првиот дел или вкупно 10 натпреварот (Катар постигна само 1 гол од контра), а потоа предност која најчесто беше четири разлика во вториот дел ја зголемивме.

По стартното водство од 1:0 за Катар, Македонија ја почна посакуваната игра и по два гола од контранапад стигна до предност од 3:1, за набрзо потпа да биде и 6:3 и 7:4 предност од три разлика. Сепак по исклучувањето на Лазаревски, кој претходно постигна три од шестте гола за Македонија, противникот почна да ја намалува разликата и во 13.минута повторно беше нерешено 9:9. По 11:11 (четврто изедначување) Македонија направи серија од 6-2 со четири голови постигнати од контра и притоа еден со играч помалку. Во 28.минута Македонија ја имаше и највисоката предност од +6 (20:14), сепак до крајот на првиот дел противникот го намали водството на 21:17. Свои моменти во првите 30 минути имаше и голманот Марко Кизиќ кој го замени Никола Митревски на голот и имаше 8 одбрани.

На почетокот на вториот дел по водството +5 потоа не реализиравме три напади со две технички грешки, но сепак во продолжение на вториот дел Македонија ја одржуваше предноста од четири голови разлика. Во 49.минута по голот на Никола Маркоски од контра поведовме со +5 (33:28). По двата гола на Пешевски, Македонија повторно ги имаше највисоките +6 (35:29). Во последните 10 минути Македонија имаше напад и за седум разлика, но имавме и серија грешки по падот на концентрацијата во играта во напад пред се. Противникот намали на три разлика (36:33), но Маркоски по вторпат погоди од центар на празен гол за +4.

Пешевски и Кузмановски постигнаа по 6 голови, а Кизиќ заврши со 10 одбрани.

Во последното коло Македонија в сабота игра против Франција.