Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа настапот на вториот турнир во Тунис во Ла Марса го почна со убедлив настап без загубен гем. Таа за 46 минути ја совлада Валерија Кусенкова од Шпанија со 2-0 во сетови (6:0, 6:0). Мечот траеше 46 минути, а според бројот на поени скорот беше 52:19 за Ѓорческа.

Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Линда Климовицова од Полска (20 год., 272 ВТА листа), која во првата рунда ја совлада првата носителка Лукреција Стефанини од Италија со 2-1 во сетови (3:6, 6:3, 6:4).

Мечот на програмата е утре (четврток).