Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе го игра последниот натпревар во Д групата од првата фаза на Светското првенство.
Нашиот национален тим за противник го има аутсајдерот во групата селекцијата на Гвинеја која е дебитант на првенството.
Во првите две кола нашиот денешен ривал доживеа очекувани и убедливи порази од Холандија 40:23 и од Унгарија со 35:18. Гвинеја е сосема непознат противник, селекција коа како петтопласирана на шампионатот на Африка обезбеди пласман на ракометниот мундијал.
За Македонија ова е натпревар кој мора да се добие, односно нашата репрезентација со победа да го „завери“ пласманот во Главната фаза. Само со тоа може да ги потврди добрите игри од првите два натпревара со Унгарија (27:27) и Холандија (32:37) и освоениот бод во првото коло.
Македонија и со нерешен резултат ќе има пласман во следната рунда, а потоа ќе ги очекува натпреварите со Франција, Австрија и Катар.
Почетокот на натпреварот е 18 часот, а се игра во Вараждин Арена.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА