Македонските ракометри денеска имаа слободен ден, односно немаа натпревар на Светското првенство. По двата исцрпувачки дуели со Унгарија (27:27) и со Холандија (32:37), Македонија утре ја очекува последниот дуел во групата против репрезентацијата на Гвинеја (која ги загуби првите два натпревара). Со победа македонскиот национален тим ќе ги пролодлува напреварите во главната фаза.

Инаку, денеска стручниот штаб се реши по двата натпревара играчите да немаат тренинг, а секако имаа задолжителна подготовка за противникот.

Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство.
Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји.
Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, истакна Ненад Костески.

Натпреварот Македонија – Гвинеја се игра утре и почнува во 18 часот, а потоа од 20:30 часот играат Унгарија и Холандија.