Денеска на третиот ден на ракометниот Мундијал ќе се играат осум натпревари.
Во Осло и Загреб ќе се играат првите дуели од Ф и Г групите, додека второто коло е на програмата во Хернинг и Пореч.
За нас (Макеоднија) интересни ќе бидат дуелите од Г групата во Пореч од каде трите првопласирани селекции доаѓаат во Варадждин во втората рунда. Тоа ќе бидат и можните противници на македонската репрезентација во следната фаза.
Таму Французите и Австријците веќе остварија победи над Кувајт и Алжир против кои ќе играат и денеска, па со нов триумф ќе го потврдат својот пласман понатаму.
Шанса за тоа во Б групата во Хернинг ќе има Италија која во првата рунда славеше над Тунис, а денеска игра против Алжир.
ДЕНЕСКА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО
Група Ф (Осло) 1. коло, 18:00 ШПАНИЈА – ЧИЛЕ 20:30 ШВЕДСКА – ЈАПОНИЈА | Група Б (Хернинг) 2. коло, 18:00 ИТАЛИЈА – АЛЖИР 20:30 ТУНИС – ДАНСКА |
Група Г (Загреб) 1. коло, 18:00 СЛОВЕНИЈА – КУБА 20:30 ИСЛАНД – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ | Група Ц (Пореч) 2. коло, 18:00 КУВАЈТ – ФРАНЦИЈА 20:30 АВСТРИЈА – КАТАР |