Ракометната репрезентација на Македонија со денешниот дуел против фаворитот во групата Унгарија го стартува своето деветто учество на Светските првенства. Тоа ќе биде седмо во низа од 2013 година.
Составот на селекторот Кирил Лазаров е еден од најмладите на мундијалот. Сепак предност за Македонија треба да биде воиграноста односно фактот што играчите се од три екипи.
Првиот ривал селекцијата на Унгарија има големи амбиции со доаѓањето на Чема Родригез на селекторската функција. Предноста на унгарскиот тим е тоа што дел од нивните играчи настапуваат во двата унгарски тима во Лигата на шампионите, но секој тим има и свои слаби страни и да се надеваме дека македонскиот стручен штаб и играчите ќе ги најдат и искористат.
Возбидливо се очекува да биде и на трибините особено што двете репрезентации се очекува да имаат и бројна армија навивачи. Вараждин е град во непосредна близина на унгарската граница. Но и македонскиот тим според најавите ќе има повеќе од 1.000 навивачи на трите натпревари во Вараждин.
Натпреварот од Д групата меѓу Македонија и Унгарија почнува во 20:30 часот, а во 18 часот е дуелот меѓу Холандија и Гвинеја.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА