Македонските ракометари одиграа храбро во првиот меч на Мундијалот, но за жал испуштија победа. Повеќе на нерешениот исход може да се радуваат Унгарците, а ние да „тагуваме“ за пропуштеното.

Но никако не смееме да бидеме не задоволни, секако е констатацијата по натпреварот за кој селекторот Кирл Лазаров изјави.

„Мислам дека треба да бидеме свесни, ние да игравме над своите можности и јас како тренер мислам дека извадивме максимум со оглед на тоа дека имавме петтата репрезентација во Европа последното првенство и учесник. Многу се потрошивме, а знаеме дека не очекува Холандија којашто е можеби најбрзо репрезентација на шампионат.

Мислам дека свесен сум што не чека за два дена, но мислам дека да ова енергија, ова сплотеност ова кохезија е добар знак.

Меѓутоа треба да добро да се одмориме и да одиме чекор.

Воопшто нема да биде лесно, знаете како поминавме последниот пат со Холандија на Светското првенство.

Ниедна победа и ни еден пораз неможе да не оттргне од тоа што посакуваме како да играме. Сакам да им се заблагодарам на момците, на ”фалангата” на навивачите а поготово на играчите затоа што денес во еден момент,  бековската тројка потсети на триото Мојсовски-Миркуловски-Лазаров, заедно со Стоилов на линијата“, изјави Лазаров.

Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде Холандија во дуелот закажан за во петок од 18 часот.