Првите настапи во Мелбурн каде се одржува Гренд-слемот Австралија опен, денеска ги имаа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Двајцата тенисери кои се меѓу претендентите за трофејот, не дозволија изненадувања и обезбедија пласман во втората рунда.
Ѓоковиќ кој е седмо рангиран во Мелбурн, мораше да одигра четири сета (3:1) во дуелот со Нишеш Басавареди. Имено 19-годишниот Американецот го доби првиот сет со 6-4, но во следните три Србинот беше подобар со 6-3, 6-4 и 6-2.
Шпанецот, Алкараз (2.носител) во три сета (6-1, 7-6 и 6-1) го совлада 21-годишниот Украинец, Александер Шевченко.