Кошаркарите на Работнички победнички го почнаа втори пот дел од сезоната во Првата лига.
На натпреварот од 13.коло одигран во малата сала на СЦ „Кале“, Работнички убедливо го победи Шкупи со 103-68.
Победата играчите на Работнички ја најавија уште во првото полувреме. Ја добија првата четвртина со 10, а втората со 14 разлика, за на одмор да заминат со +24 (53-29). Вториот дел против нерамноправниот противник беше шанса Самарџиев да им даде минутажа на играчите кои во првиот дел од првенството преседоа на клупа.
За Работнички тоа беше осма победа сезонава, а Шкупи го претрпе десеттиот пораз.
Денеска на програмата се уште три натпревари од оваа рунда во која дербито ќе се игра во „Јане Сандански“ .
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13 коло
Недела – 12 јануари
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 103-68
17.00 ТИКВЕШ – МКК КУМАНОВО
17.00 ВАРДАР – КОЖУВ
18.00 МЗТ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
Сабота – 11 јануари
ТФТ – ГОСТИВАР 77-71
ЧАИР – ФЕНИКС 85-82
ТАБЕЛА: ТФТ 22 бодови (+1 натпревар), МЗТ Скопје Аеродром 21, Пелистер 21, Работнички 20 (+1), Чаир 20 (+1), Кожув 20, МКК Куманово 20, Гостивар 18 (+1), Феникс 17 (+1), Шкупи 16 (+1), Тиквеш 15, Вардар 12.