Машката ракометна репрезентација на Македонија, влегува во завршната фаза подготовки, пред настапот на Светското првенство.
Македонските ракометари веќе се во Вараждин, Хрватска. Таму црвено-жолтите ќе ги играат натпреварите на Мундијалот чии ко-домаќини се уште Норвешка и Данска.
Шампионатот ќе стартува на 14 јануари, а Македонија својот прв натпревар ќе го игра ден подоцна.
Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници имаат уште три дена за да се подготват за дуелот против фаворизираната Унгарија.
Тактиката и воигрувањето на истата, за последен пат, ќе се тестираат денеска во дуелот со селекцијата на Зеленортските Острови.
Потсетување дека покрај Унгарија, противници на Македонија во групата Д групата ќе бидат и Холандија на 17-ти (петок) и Гвијена на 19 јануари, селекција против која треба да се „визира“ пласманот во втората, главна фаза на првенството.