Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА лигата. Најголемо внимание привлече дуелот на најдобрите тимови на Истокот и Западот, во кој Кливленд ја победи Оклахома.
Кавалирс пред своите гледачи беа подобри од Тандерси со 129:122, па сега имаат две победи повеќе од тимот од Оклахома.
Џерет Ален ги предводеше Кавси до победата со 25 поени, 11 скока, додека Еван Мобли постигна 21 поен, а имаше и десет скока. Шаи-Џилиус Александар беше прв стрелец во поразениот тим со 31 поен, а Џејлен Вилијамс додаде 25 поени.
Кливленд ја прекинаа серијата на противникот од десет победи и му го нанесоа само шестиот сезонски пораз. Од друга страна, Кавалирс ја остварија 11-та победа по ред, а 15-та на последните 16 натпревари.