Машката ракометна репрезентација на Македонија, влегува во последната фаза подготовки, пред настапот на Светското првенство.

Македонските ракометари веќе се во Хрватска која заедно со Норвешка и Данска ќе бидат домаќини на Мундијалот што почнува на 14 јануари.

Македонија на првенството ќе игра во Д групата чиј домаќин е градот Вараждин. А, таму вечерва ќе се игра и контролниот натпревар против домашната Хрватска.

Вараждин буди прекрасни спомени од минатото, па капитенот Филип Кузмановски верува дека со поддршка на публиката, Македонија повторно ќе се радува во овој хрватски град.

„Во тешка група сме, но пристапуваме чекор по чекор, со темелна анализа и максимална подготовка за секој противник.

Уверен сум дека нашите навивачи ќе бидат со нас и дека ќе покажеме како се игра за Македонија.

Имаме високи цели и веруваме во нашиот квалитет, со надеж дека ќе ја израдуваме нацијата“,

изјави Кузмановски.

Првенството македонските ракометари ќе го почнат со дуелот против топ фаворитот во групата Унгарија и тоа на 15 јануари (среда). Два дена подоцна (17 јануари – петок) ќе следува и натпреварот со Унгарија. „Визата“ за втората, главна фаза, на првенството, треба да ја верификуваме во мечот со аутсајдерот Гвијена на 19 јануари.

Што се однесува до денешниот контролен натпревар против Хрватска, тој ќе се игра во вечерниот термин од 20.15 часот.